Француската амбасада нападната со рачна граната

Две лица на мотоцикл фрлиле рачна граната врз полицискиот пункт пред француската амбасада во Атина. Во нападот, еден од полицајците бил полесно ранет. Инцидентот се случил рано утринава, информира Њуз.ин, пренесува БТА.

Полицијата трага по напаѓачите.

Една од централните улици на Атина е затворена.

Властите ги прегледуваат видео снимките од безбедносните камери по околните згради, како и од сведоштвата на полицајците, кои се наоѓале наспроти влезот на грчкиот Парламент. 

 
 
10.11.2016 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега