Во спомен на Ататурк денеска во 9.05 часот „ќе запре животот“ во Турција

Во Турција, 10 ноември е еден од посебните денови, оти на тој ден во 1938 година во дворецот Долмабахче, на брегот на Босфор, починал основачот на турската република Мустафа Кемал Ататурк, кој ја оживеа новата држава од „пепелот“ на Османската Империја. 

Оттогаш, секоја година на 10 ноември се оддава почит на ослободителот, јавува БТА.

Точно во 9.05 часот, времето на смртта на Ататурк, почнуваат да свират сите сирени во земјата и сите превозни сретства запираат за една минута, а милиони Турци, одржуваат минутен молк во спомен на личноста и делото на Ататурк.

Националните знамиња ќе бидат спуштени на половина копје. 

Комеморацијата ќе започне со положување на венци на мавзолеј-гробницита на Ататурк во Анкара со учество на владините претставници на земјата. 

Илјадници луѓе од целата земја, ќе оддадат почит на гробот во дворецот Долмабахче. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати специјална порака по повод 78-годишнината од смртта на Ататурк. 

- Победникот Мустафа Кемал е еден од вредностите на нашата земја и нација. Треба да останеме верни на споменот за животот и делото на ослободителот, на делото на нашата независност, татковина, знаме, на републиката, на придонесот кон цивилизацијата, Ослободителната војна. Турција докажа дека е достојна за сето тоа со реформите, кои се направени во последните 14 години, со политиката, која ја зближи државата со народот. Спротивставувањето, кое нашиот храбар народ го демонстрираше врз превратот на 15 јули покажа на целиот свет, оти по цена на живтот е подготвен да внимава на тоа достигнување, се наведува во пораката на Ердоган. 

Кемал Ататурк станал познат како мошне способен воен офицер за време на Првата светска војна. По поразот на Отоманската империја тој го предводел турското национално движење во Турската војна за независност. Со основањето на привремената Влада во Анкара, тој ги поразил силите на Сојузот.

Неговото успешно и мудро предводење на војската и воените борби довело до ослободување на државата и основање на Турција. За време на неговиот претседателски мандат, Кемал Ататурк остварил економски, политички, културни и социјални реформи во државата.

Тој успеал старата Отоманска Империја да ја трансформира во современа демократска и секуларна држава. Сите промени што ги извршил Ататурк и неговите идеали се наречени со еден заеднички термин - кемализам. 

Мустафа Кемал Ататурк починал на 57-годишна возраст. Останките на Ататурк се погребани во саркофаг тежок 42 тони во мавзолејот во Анкара. На негова волја, сета сопственост што ја имал била предадена во рацете на Републиканската народна партија. 

 
 
10.11.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега