Два дена не престана дождот во Македонија - на овие места „потоп"

Дожд два дена без престан врнеше во Македонија. Во текот на изминатото деноноќие најмногу наврна во Лазарополе, 20 литри на метар квадратен, па 16 во Берово и Крива Паланка, 12 во Маврово, 10 во Крушево и Охрид.

Наврнаа 9 литри во Куманово, Претор и Дојран, 8 во Ѓуриште, 7 во Гевгелија и 6 во Скопје, Виница, Прилеп и Штип.

Најмалку дожд има во Битола - 1, Демир Капија, Тетово и Тополчани.

Времето денеска променливо облачно со кратки сончеви пероди и со повремен локален дожд, особено во западните делови, каде на највисоките планини ќе има и повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во зaпадните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

 
 
10.11.2016 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега