Американски изборни математики: Хилари освои 170.000 гласа повеќе од Доналд Трамп

Освојување на повеќе гласови не мора да значи и победа на изборите. На вчерашните претседателски избори во САД се повтори случајот да победи кандидатот кој има помал број на освоени гласови. Хилари Клинтон освоила речиси повеќе од 170 000 гласа од Доналд Трамп, но ги загуби изборите. Значи Клинтон влегува во историјата како петти кандидат кој освоил повеќе гласови, но останал без Белата куќа. Последен пат тоа се случи во 2000 година со кандидатот на демократите, Ал Гор, кој беше поразен, а освои речиси половина милион гласови повеќе од Џорџ Буш. Причината за ова е комплицираниот изборен систем со кој победата ја носат гласовите на електорите, а не директните гласовите на избирачите. Кога еден американски државјанин гласа, тој им порачува на претставниците на неговата сојузна држава, или електорите за кого да гласаат. Без оглед со колку победил еден од кандидатите во некоја сојузна држава, сите гласови на електорите одат само за него. Исклучок се две држави, Мејн и Небраска, каде што бројот на електорите се дели пропорционално на бројот на гласовите. Секоја држава има најмалку три електори.

 

Вкупниот број на електори е 538. Победник на претседателските избори е оној кандидат кој ќе собере најмалку 270 електори. Овој систем теоретски овозможува кандидатот да победи со само 22 проценти од гласовите

 
 
09.11.2016 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега