Тешко болниот актер е медицински феномен

Досега требаше да бидам неподвижен, а јас сум далеку од таа фаза, вели Мајкл Џ. Фокс

Играше во познатиот филм „Враќање во иднината“, докторите му рекле дека ќе може да работи само десет години, но болеста не успеа да го победи. Во 1991 година на познатата холивудска ѕвезда Мајкл Џ. Фокс му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Тогаш имал 29 години и лекарите му рекле дека ќе може да работи најмногу уште десет години. Меѓутоа, дегенеративното нарушување на нервниот систем не му застана на патот. Актерот кој сега има 55 години за магазионот „Хојт ливинг“ отворено зборува за тешката болест со која живее сите овие години.

2majkl

-Досега требаше да бидам неспособен, неподвижен, но јас сум далеку од таа фаза – изјави актерот кој во последните 16 годни донирал 650 милиони долари за истражување на лекот за Паркинсонова болест. Иако не може со сигурност да утврди дали е во тоа тајната на неговата одржлива состојба, открива дека медитацијата му помага да ги победи сите тегоби. Спиењето е единствен начин кога нашето тело целосно одмора, а медитацијата има ист ефект. Во тие мигови мозокот го доведувам до точка што е доволно успорен , така што добива дополнителен одмор – објаснува Мајкл во интервјуто.

3majkl

Инаку, актерот, според најновите фотографии, навистина, добро се држи.

 
 
09.11.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега