СИТЕЛ: ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со нови 5 здруженија на граѓани

Уште 5 здруженија потпишаа меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ. Константното ширење е доказ  дека граѓаните препознаваат обединувачка сила во владејачката партија порача лидерот Никола Груевски. Креирањето на политика на отворена врата за сечие мислење, сугестии и предлози ја прави партијата подобра. На транспарентен начин со различни целни групи искреиравме многу мерки  што е и суштина на нашето делување со делување преку обемна и квалитетна програма , отчетност, и многу работа порача Груевски.  

За нашите идеи Владата секгаш имала слух и затоа здружението на фармери пристапува кон овој меморандум. Задоволни од досегашната плодна соработка се и од асоцијацијата на земјоделци на Македонија кои по ова потпишување ќе се фокусираат на модерно, профитабилно земјоделство кое ќе се пласира дома и во странство. Своја поддршка кон политиките на ВМРО ДПМНЕ дадоа и од Горанското друштво во Македонија.

Претседателот на здруќението на македонски муслимани е задоволен од тројцата пратеници кои ги имале во пратеничкиот состав и се надева на добра соработка и во иднина. И гласот на бранителите оди на конто на ВМРО ДПМНЕ порачаа од здруќението БЕДЕМ кои не го кријат задоволството од политиките на партијата која до сега значително ги подобрила условите на бранителите.  Меморандум за соработка и  вчера потпишаа 4 граѓански здруженија. 

 
 
09.11.2016 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега