Познат фудбалер осуден на 9 месеци затвор

Фудбалерот на Лас Палмас, Серхио Араухо, одбил да дува по вторпат за да може резултатите да бидат искористени на суд, така што полицијата морала да преземе одредени мерки. Тој бил запрен на 26 септември, а тестот покажал 0,76 промили.

Неколку минути подоцна, полицијата побарала од Араухо да дува по вторпат за да може резултатите да бидат искористени на судењето. Сепак, фудбалерот одлучил да го искористи првиот човек на клубот и изјавил:

– Претседателот на Лас Палмас ќе ги среди работите.

Покрај тоа во записникот е ставено и дека фудбалерот ги навредувал, па сето ова било доволно за да добие девет месеци затвор.

Иако доби ваква казна, малку е веројатно дека ќе ја одлежи бидејќи казните до две години од вакви причини автоматски се претвораат во условни.

 
 
09.11.2016 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега