Шокантни факти за бракот на принцот Филип и кралицата Елизабета II

Кралицата Елизабета II и принцот Филип во брак се 69. години, но својата интима добро ја кријат. Сепак, новата серија на Netfliks, „The Crown” потсетила на еден интересен факт за кој ретко се говори: кралицата и нејзиниот сопруг, принцот, се роднини.

Всушност тие имат заеднички прадедо и прабаба – кралицата Викторија и принцот Алберт кои и самите биле роднини.

Иако можеби тоа се чини за чудно, некогаш тоа била вообичена пракса меѓу членовите на кралските семејства, кога се водело сметка за тоа „сината крв“ да се задржи во тесен круг, без вплеткување на стрнци.

Покрај тоа што се роднини, кралицата Елизабета II и принцот Филип имаат и возбудлива љубовна приказна.

kralskosemejstvo

Кога таткото на кралицата, кралот Џорџ VI го посетил Поморскиот факултет во Дартмут во 1939. година, ја земал и неговата 13. годишна ќерка, Елизабета.

Додека кралот се бавел со сериозни работи, кадетот по име Филип Монтбатен, трет роднина на Елизабета и грчки принц, имал задача идната кралица да ја запознае со околината.

Елизабета веднаш се вљубила во него, а подоцна и се доверила на писателката Бети Шо дека на почетокот не им било лесно.

kralica

„Имав 13. години, а тој 18. Беше кадет и се подготвуваше за отсуство. И се придружи на морнарицата на почетокот на војната и само повремено го гледав кога добиваше отсуство. Мислам два пати за три години. Тогаш неговиот чичко и стрина, лорд и леди Монтбтен ги минуваа викендите кај нас во Виндзор, а тој замина на Пацифик и Далечниот исток на две години“ рекла кралицата.

Двојката се венчала на 20. ноември 1947. година а останатото е историја.

 
 
09.11.2016 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега