Трамп го направи најголемиот политички пресврт со двојно помалку пари од Хилари

Доналд Трамп го изведе еден од најголемите пресврти во историјата на американската политика победувајќи ја Хилари Клинтон по изборна кампања која ја финансираше со далеку помалку пари од демократската кандидатка.
Сосема неочекувано, комбинирајќи ги социјалните мрежи, говорот без влакна на јазикот и вештото користење на бесплатните минути во телевизиското време, бизнисменот со недвижности во секој глас на изборите потрошил помалку од 5 долари што е повеќе од половина од она што потрошила Клинтон, покажува финансиската анализа на Ројтерс.

Во анализата се вели дека методот на Трамп ги срушил концептот за пресудната улога на парите во американската политика и постави прашање, може ли „научно“ водена кампања според учебниците со помалку пари да го отвори патот до Белата Куќа.

Политичките стратези и маркетинг експертите се согласуваат дека методот на Трамп не може да се примени кај други кандидати бидејќи тие нема да ја имаат неговата популарност стекната во бројните реалити шоу емисии, ниту пак неговиот талент за постојано предизвикување на различни контроверзии, а од друга страна не поседуваат ниту толкав имот.

Кога сме кај парите, Трамп собрал околу 270 милиони долари од стартот на кампањата мината година, што е само малку повеќе од една третина од парите кои Обама ги потрошил за својата кампања за изборите во 2012 година.

 

Ако се знае дека за Трамп гласале 59 милиони Американци математиката вели дека сумата одвоена за секој глас изнесува помалку од 5 долари.

Според податоците на Медиакуант Трамп бесплатните минути во американскиот ТВ простор ги искористил во вкупна вредност од 5 милијарди долари што е повеќе од двојно повеќе во споредба со она што го искористила Клинтон.

За разлика од републиканскиот кандидат, Клинтон кампањата ја водела на традиционален начин користејќи ја позицијата на поранешен сенатор,државен секретар и некогашна прва дама. Со прибраните 521 милион долари имаше комоција да плаќа скапи рекламни пораки за што потрошила 237 милиони долари, а дури 42 милиони се потрошени на стотина агенти како и на познати ѕвезди и луѓе од општествениот живот кој беа задолжени да анимираат граѓани да гласаат за демократскиот кандидат.

И собирањето на средствата кај Клинтон одеше на традиционален начин. Нејзината кампања беше финансирана од голем број бизнисмени во САД кои ставаа и милионски суми на чековите за донација. Меѓу нив, еден од најголемите донатори на кампањата на демократскиот кандидат, Џорџ Сорос.

Пристапот на Трамп беше поинаков. Кампањата за изборите внатре во Републиканската партија ја финансирал од сопствени средства, што подоцна го искористи во кампањата велејќи за себе дека сам си ги платил изборите и дека сега, никој не може да влијае на неговите одлуки.
Кога ја доби републиканската номинација, Клинтон почна да прибира помали донации како што претходно правеше Берни Сандерс.

 
 
09.11.2016 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега