Балканот повторно се тресе: Земјотрес со интензитет од 4,2 степени ја погоди Црна Гора

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтерова скала ја погоди доцна попладнево Црна Гора, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 78 километри северозападно од Подгорица и 53 километри североисточно од Дубровник, на длабочина од 10 километри под површина на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот го почувствувале и граѓаните од јужниот дел на Хрватска, посебно во Дубровник.

 
 
09.11.2016 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега