УХМР: Вечерва останете дома, пристичнува големо невреме

До крај на денот времето ќе биде променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи изасилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град.

Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава.

Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег.

Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.

 
 
09.11.2016 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега