ФОТО: Нова шокантна тетоважа на Меси
Лионел Меси со аргентинската репрезентација се подготвува за големото дерби со Бразил во квалификациите за Светското првенство.
Јавноста актуелниот освојувач на „Златната топка“ ја изненади со новата тетоважа на левата нога каде старата тетоважа во целост ја покри. Така сега делот од ногата под коленото е целосно обоен во црно, освен неговата „десетка“ и тетоважата која е посветена на неговиот син Тијаго.
Реакциите на навивачите за новата тетоважа се прилично жестоки, критикувајќи го вкусот на официјално најдобриот светски фудбалер. Но, секој си има свој вкус, а за вкусовите не може да се дискутира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа