Драма во Куманово: Го претепале па ограбиле
Кумановчанец остана без се што има преку ноќ. Во селото Отља во кумановско три засега непознати лица извршиле разбојништво во куќата на 66-годишниот Т.С. Крадците влегле преку незаклучената врата и додека кумановчанецот седел во неговата куќа, физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди.
Според податоците од полицијата, тие му одзеле пиштол марка „Застава“ калибар 7,62 мм, два мобилни телефони, 500 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и лична карта.
Пријавена е уште една кражба во полиција. Во селото Желино непознат сторител со употреба на подесен клуч и физичка сила извршил тешка кражба од куќата на 45-годишниот З.С. кој моментално е на привремена работа во Германија.
Крадецот одзел златен накит и пиштол марка „Бул-чироки“ со рамка со три куршуми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа