Музиката на Тоше ќе се слуша на улицата со негово име во Ново Лисиче
Од 10 до 22 часот на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче ќе се слушаат песните на македонската музичка икона Тоше.
Како што информираат од општина Аеродром, системот за озвучување што ќе биде поставен по должина на улицата, е подарок од Здружението на Власи стопанственици „Мандра“.
Јачината на звукот што ќе се емитува ќе биде прилагодена во рамките на граничните вредности на ниво на бучавата, утврдени согласно важечките законски прописи.
- За поставување на системот за озвучување и емитување на музиката на Тоше, Здружението доби согласност од станарите на станбените згради кои гравитираат по должина на детската улица „Тоше Проески“, соопштија од општина Аеродром.
Поставувањето на опремата, натамошното одржување, како и сите потребни активности, ќе бидат финансирани и изведени од здружението „Мандра“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа