Експертите одлучија: Еве зошто лошо спиеме во туѓ кревет

Непознат кревет, оној во кој никогаш не сте спиеле, може да ви донесе несоница. Оние кои успеале да го натераат сонот, ќе ви кажат дека многу лошо спиеле. Научниците со овој проблем се позанимавале и установиле зошто е тоа така.

Тие извеле експеримент со 35 млади, здрави луѓе и установиле дека првата ноќ која ја поминуваме во непознат кревет, нашиот мозок различно работи. Имено, додека десната половина од мозокот спие, левата е активна.

Иста активност на мозокот експертите примениле и кај делфините, китовите, птиците... Како што објаснуваат, животните се внимателни додека спијат и затоа едната половина спие а другата „дреме“. Човекот потсвесно знае дека му е животот во опасност додека спие, па затоа едната половина од мозокот му е будна.

 

 

 
 
07.11.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега