Земјотрес утринава го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во источниот на на Скопското епицентрално подрачје.

 

Овој земјотрес се случи во 03 часот и 11 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.0. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината, со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала.

 
 
07.11.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега