Синоќа хаос во Скопје: Повредени осум лица

Осум лица полесно се повредени во осум сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Четири незгоди биле со материјална штета.

Како што информира СВР, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, тројца возачи кои поминале на црвено светло, како и шест возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола или пак возилото било нерегистрирано. Затекнати се и 53 непрописно паркирани возила.  

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Браќа Миладиновци“ со учениците од второ одделение. 

За утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ е најавен ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и Астраханочка од Русија во рамки на Лигата на шампионите поради што ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.

 
 
04.11.2016 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега