Спречен обид на терористите од Диво Насеље да побегнат од затвор - вечерва префрлени во Охрид

Терористите од Диво Насеље се пренесени во затворот во Охрид од како претходно властите добиле информации од разузнавачките служби дека некој групи подготвуваат акција за нивно ослободување – јавува Охрид1 повикувајќи се на свои извори.

Со цел да се осуети обидот, истите се транспортирани во затворот во Охрид, а дали тука ќе останат или само привремено ќе се во слабо обезбедениот затвор , ( кој е лоциран во строгиот центар на Охрид, во густо населен дел на градот ) никој наш извор во моментов неможе да информира, пишува порталот.
СВР Охрид на највисоко организациско ниво при транспортот на терористите максимално го обезбеди градот, а обезбедувањето на објектот каде се лоцирани продолжува и ноќва, а според информации на Охрид1 нема никаков простор за вознемиреност бидејќи СВР Охрид ги има превземено сите мерки за безбедност на објектите и градот воопшто.
Инаку веста дека терористите се пренесени во Охрид, и видео снимките од блокираниот град кои ексклузивно го објави Охрид1 предизвикаа нервоза кај граѓаните кои не го видеоа тоа на улиците, а исто е чувството и кај бројните граѓани кои посведочија лично на несекојдневната глетка во градот кој буквално беше сардисан од специјална полиција.

 
 
03.11.2016 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега