Караџиќ доби дополнителни два месеца за подготовка на одбраната

Хашкиот трибунал делумно го прифати барањето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ и му дозволи дополнително време за да ја подготви одбраната по обвиненијата за геноцид. 

Според најновата одлука, неговото судење ќе продолжи на 28 октомври наместо на 28 август, како што беше првично планирано.

Караџиќ минатиот месец побара судскиот процес против него да биде прекинат на четири до шест месеци, а обвиненијата за геноцид да бидат издвоени од останатите точки од обвинтелниот акт. Судот во Хаг му одобри само два месеца одлагање на судењето.

Радован Караџиќ е уапсен на 21 јули 2008 година во Белград, а судскиот процес против него започна на 26 октомври 2009 година. Во тек е доказна постапка на одбраната.

најчитано сега