Крвава тепачка во средно училиште во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 20 минути во Скопје, во кругот на Средното училиште „8-ми Септември“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу ученици од истото училиште. Тројца ученици од кои двајца на возраст од 17 и еден на возраст од 16 години, од една страна, сите од Скопје, физички нападнале нивен седумнаесетгодишен соученик, исто така, од Скопје.

Малолетникот по здобиените повреди се јавил во Градската општа болница „Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
03.11.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега