Хорор во градинка во Суботица: На децата им дале грав со камења

Деца во Градинка во Суботица јаделе грав зачинет со камења. Во градинката Наша Радост, се случи скандал откако на малите дечиња им бил послужен овој "деликатес".

Според сведоштвата на родителите, ова се случило во четвртокот, а во петокот многумина си ги оставиле децата дома загрижени за нивното здравје. Каменот во гравот го пронашла мајка на едно тригодишно детенце, пренесува српскиот Ало.

- Бев надвор од контрола и бесна, детето не го ни однесов во градинка кога видов. Бев на лекар, детето имаше стомачен вирус, вели растревожената мајка.

Таа вели дека хигиената во градинката е многу лоша.

 

 
 
03.11.2016 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега