Силен земјотрес во Турција

Турција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата сеизмичка скала, пренесе ТАСС.

Според податоците на Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на 154 километри североисточно од Анкара и на 14 километри западно од градот Искилип, а жариштето било на длабочина од пет километри.

Засега нема информации за евентуални жртви и разурнувања.

 
 
02.11.2016 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега