Хорор во градинка во Скопје: Негувателка истури врело кафе на лице на детенце

Страшен настан се случи во градинка во Скопје. Според податоците од полицијата, во 16 часот и 20 минути 33-годишната М.Г. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12 часот и 30  минути во градинката „Срничка“ - објект „Чекорче“ , поточно во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во нејзиното креветче, од страна на непозната негувателка било истурено кафе врз лицето на детето. 

Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.

Од страна на родителот  детето било однесено на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на негувателката.

 
 
02.11.2016 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега