Сопругот на Џенифер Анистон „го опцу“ Бред Пит

Сопругот на Џенифер Анистон, Џастин Терокс го разгоре огнот меѓу фановите со неговата најнова објава на Инстаграм.

Терокс објави фотографија со графити на кои е прикажана девојка со подигнат среден прст позади која се испишани пцовки против империјализмот, војната, Фејсбук, хејтерите, политиката..., но на многумина најмногу „во око им падна“ онаа во кој се споменува и Бред Пит, поранешниот сопруг на Анистон.  

Обожавателите веднаш „скокнаа“, но Терокс ги увери дека со фотографијата сакал само да го изрази неговото мислење за американските претседателки избори и дека „нема 11 години“ да се пресметува со поранешниот сопруг на неговата сегашна сопруга.

Но, малкумина поверуваа во ова објаснување, имајќи пред вид дека Бред Пит во 2005 година ја остави Џенифер поради Анџелина Џоли. 

 
 
02.11.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега