ВИДЕО: Песна на Тоше ечеше во „Американ Ерлајнс“ арената во Мајами

Горан Драгиќ беше предводник на Мајами во победата над Сакраменто со 108:96 во натпреварот одигран во НБА лигата, постигнувајќи 25 поени со кои беше и најдобар стрелец на својот тим.

Сепак, неговото име вреди да се спомене и поради потегот кој го направи со изборот на песна која била емитувана на големиот семафор во „Американ Ерлајнс“ арената на паузата меѓу првата и втората четвртина.

Драгиќ покажа како се забавува со караоке изведба на песната „Чија си“ во изведба на македонската музичка легенда Тоше Проески, а видеото од Мајами го добивме благодарение на нашиот сонародник Боби Лекоски.

 

 
 
02.11.2016 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега