Полицијата го ослободи Тачи

Српските власти синоќа го пуштија од притвор полицискиот началник за регионот на Косовска Митровица, Нехат Тачи,кој во притвор мина 30 дена, пренесе МИА.

Тачи во Косово влезе прку пеминот Мердаре,каде покрај од граѓани беше пречекан и од шефот на косовската дипломатија,Енвер Хоџај.

Тој се заблагодари на институциите на Косово за се на што го сториле за неговото ослободување.

-Му благодарам на министерот за надворешни работи и на институциите кои се грижеа за мене. Од среда ќе го дадам мојот максимум за да и го вратам долгот на оваа држава за се она што го сторија за мене,за да ме ослободи,-изјави Тачи.

Нехат Тачи беше уапсен на 29 септември на граничниот премин „Бела земја“ а по два дена му беше одредена мерка привор во траење од 30 дена.

Министерот Хоџај изјави  дека Тачи бил задржан во Србија неправедно.

Инаку, пред два дена,поради апсењето на Тачи и на уште еден Косовец,кој од Германија доаѓал на одмор во Косово,но се барал за воени злосторства за времена косовската војна,официјална Приштина, ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Србија.

Преку соопштение за јавноста,Министерството за надворешни работи во Приштина, последоватеното апсење го оцени како непифатливо и оти ги доведува во опасност постигнатите процеси во текот на дијалогот за нормалзиирање на односите меѓу Косово и Србија.

 
 
02.11.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега