ФОТО: Запален џипот на сопственикот на сендвичарите Вили во Скопје


Две возила - џип „Гранд чероки“ и автомобил „Фиат уно“ ноќеска се опожарени на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Во инцидентот нема повредени.

Како што информираат од МВР, двете возила биле опожарени триесетина минути по полноќ, на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“. Возилата се со скопски регистарски ознаки. Џипот „Гранд чероки“ е во сопственост на Г.Д. (1978), а сопстеник на „автомобилот „Фиат уно“ е А.М. (1983).

Полицијата врши увид за причините за опожарувањето, како и за начинот на кој е извршено.

Галеријата погледнете ја тука

 

 
 
02.11.2016 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега