Сопругата на српскиот пејач призна: Дрогата е моја

Сопругата на српскиот пејач Марко Булат која негираше дека е фатена во големата акција на полицијата, каде паднаа повеќе лица од естрадата со дрога, сега призна дека кокаинот кој бил пронајден е нејзин.

Марија Булат призна пред судот дека купила два грама кокаин, во замена за условна казна. 

Таа иако при акцијата во септември негираше, денеска ја призна вината.

За потсетување, беше приведена на 11 септември во големата полициска акција во која паднаа десетина нарко-дилери, силувачи и крадци.

Полицијата следеше двајца дилери кои во нејзиното сандаче оставиле дрога.

 

 
 
02.11.2016 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега