Повеќе од 1.100 земјотреси за два дена

Над 1.100 вторични потреси биле регистрирани во централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, најсилниот потрес во земјата од 1980 година, јави ДПА.

- Ова е вистински пекол, потресите не престануваат, изјави Марко Риналди, градоначалник на градот Усита, кој е срамнет со земја од земјотресот во неделата. 

Големи штети има во регионот на Кастеланџело сул Нера. - Се е разурнато тука, а она што не е разурнато е нестабилно, изјави градоначалникот на ова населено место, Мауро Фалкучи. 

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети регионот вчера и вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ за да ги обнови населените места. 

- Немаме волшебно стапче, но некако ќе го постигнеме тоа, дури и доколку тоа ни одземе многу време, додаде тој. 

Ренци вети и брзо отпуштање помош за десетици илјади лица, кои останале без покрив над главата. Во моментот 22 илјади лица живеат во  времени засолништа, но се смета дека бројот на луѓето без покрив над главата е многу поголем. 

 
 
02.11.2016 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега