АМСМ информира: Овој пат е затворен за сообраќај до сабота

 

Од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај делницата меѓу Бистренци - Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница.

Прекинот на сообраќајот, како што информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонија пат“, е поради изведување градежно-асфалтерски работи.

За време на градежните активности ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 
 
02.11.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега