Форум за Отворено владино партнерство
Во Скопје денеска ќе се одржи вториот форум за Отворено владино партнерство во организација на Центарот за истражување и креирање политики.
Форумот е насловен „Пет години Отворено владино партнерство: за ЕУ интеграции, одржлив развој и луѓето?“, а планирано е да се одржат три сесии.
Целта е на едно место да се соберат сите чинители чија работа на каков било начин е поврзана со целите на Отвореното владино партнерство и да ја подобри соработката меѓу нив.
На настанот најавено е обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, постојаната координаторка на Организацијата на обединетите нации и постојана претставничка на Програмата за развој Луиза Винтон и на извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики Марија Ристеска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа