Бранко на листата на ДУИ во петтата изборна единица
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за изборите на 11 декември сериозно ќе игра на гласовите на православните Албанци и на кандидатската листа во Петтата изборна единица високо позициониран ќе биде Бранко Манојловски, брифираат од партијата, за Дневник. Весникот пишува дека ова ќе биде првпат ДУИ на листите за пратеници да номинира православни Албанци. Манојловски е меѓу првите што јавно се прокламирале дека се православни Албанци од Македонија.
01.11.2016 - 22:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа