Летале тенџериња, тањири, вазни - Екрем доби ќотек од сопругата
Популарниот Екрем Јевриќ си доби ќотек од својата сопруга Игбала поради порно-филмот кој го снимил со две девојки, едната од Куба, а другата од Србија.
-Екрем отиде во Њујорк да се види со семејството, но неговиот престој беше многу болен. Игбала полуде поради порничот. Тој е сега во Црна Гора, но таму не зборува за новиот бизнис потфат, бидејќи му забраниле продуцентите. Но, на блиските пријатели им раскажал дека Игбала го претепала. Го мавала со тенџериња, тањири, вазни...го скршила пола стан во Њујорк. По 10 минути од демолирањето на станот, Игбала не се смирила, па почнала да го удира со тупаници и шамари, вели извор близок до Екрем.
Екрем за порно-филмот почнал да се правда дека бил пијан и затоа го направил тоа.