Зборуваат на мобилен и летаат на црвено - казни за несовесните скопјани

Десет сообраќајни несреќи се случиле во Скопје во изминатото деноноќие, при што во четири полесно се повредени четири лица. Шест сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи под дејство на алкохол, тројца кои поминале на црвено светло на семафор, 18 без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а 16 при возење користеле мобилен телефон или не носеле сигурносени појас.Затекнати се и 64 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот вчерашниот ден отстранети се 89 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром. 

 
 
01.11.2016 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа