Нов обид за почеток на судењето за „Пуч“
Во Кривичниот Суд денеска е закажано рочиште за предметот „Пуч“ во кој меѓу обвинетите се јавува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. По неколку одлагања во Основниот суд Скопје 1 треба да има рочиште за случајот, откако минатото беше одложено поради болен поротник, како и поради тоа што не се појави и сведок.
Претходно рочиштата се одложуваа бидејќи ќерката на Катица Јанева правеше свадба а потоа бидејќи Јанева мораше да ги слави празниците.
Инаку, рочиштето кое се одржа во септември беше прв обид за почеток на процесот по понишувањето на аболициите.
За потсетување, во предметот „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети Заев, Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа