Поради дефект неколку згради во Центар без парно

Поради дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа кај објектот на клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (т.н. стара градска болница), неколку згради во центарот на Скопје времено не се во можност да добијат толинска енергија, соопшти БЕГ.

Дефектот во мрежата предизвика прекин на греењето во болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.

Дежурните екипи на БЕГ-Дистубуција се на терен и интензивно работат на санирање на дефектот. Поради големината на дефектот, во овој момент, невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но екипите прават напори редовното снабдување со топлина во овој дел од градот да биде воспоставено во текот на денешниот ден.

 
 
30.10.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега