МНР: Нема информации за повредени Македонци во Италија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека централниот дел на Италија повторно беше погоден од силен земјотрес. Амбасадата на Република Македонија во Рим е во постојан контакт со надлежните институции и во моментов нема информации за повредени граѓани. Воочени се само поголеми материјални штети.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.

Амбасада на Република Македонија во Рим:

Лица за контакт: Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310

Лице за контакт: Семра Рамадани Алими Мобилен телефон:00393485273136

Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome Е-пошта: rome@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи:

Лице за контакт: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: +38972 239 052
Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk

 

 
 
30.10.2016 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега