Сиромашен а вози Ламборџини: Не можел да си купи, па си го направил (ВИДЕО)

Дритон Селмани од Косово покажа дека секој може да направи спортски автомобил.

Во сиромашниот крај каде што тој живее и понатаму наместо автомобили користат кочии, па неговиот рачно направен „Лаборџини“ е права атракција.

„Секој сака да има скап автомобил. Бидејќи не можев да си дозволам такво возило, затоа што знаев дека тоа е луксузен бренд со висока цена, ми чинеше логично рачно да си го направам. Мислам дека направивме одлична работа, пријателите одлично го прифатија, како и роднините, соседите, познаниците. Добро е“, изјави Дритон Селмани.

Работата траеше нешто повеќе од една година. користел каросерија и делови од други автомобили кои му биле на располагање. Работата на крај се исплатела. Резулатот е импресивно возило со кое ќе може да се вози низ цел град и околина. Освен желбата, во изработката на автомобилите од соништа му била потребна пошош од пријателите.

-Јас сум ентузијаст за спортски автомобили и мојата работа е поправање на возила. Разговарал со колегите и ги прашав: Сакате ли да направиме такво нешто? Ми требаше нивната поддршка за да почнам и така тргна работата. Почна како мала авантура, а додека работевме резултатите беа одлични и така го добивме ова, рече Дритон.

Уникатниот лимен љубимец има мотор од 222 коњски сили. Оригиналниот мотор на ваквото ламборџини исто така е посебен и е произведен само во 21 примерок. Секој има мотор со 660 коњски сили, а ако сака да го купи, мора да издвои милион и шесто илјади долари.

Погледнете го видеото: 

 
 
28.10.2016 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега