За во секоја ситуација: Тој продава џебна ракија

Еден загрепчанец започна да продава ракија во сувенирни пакувања од по 20 милилитри, кои ќе можат да се носат в џеб, пишува хрватски „Нови лист".

Градежниот инженер во пензија Златан Ребец во 2008 дошол до идеја да отпочне приватен бизнис и купил машини за производство и пакување влажни марамчиња. 

Идејата за ракијата му дошла сосем случајно, додека размислувал што да прави со тие машини зиме, оти марамчињата повеќе се продаваат во летната сезона.

Ребец се консултирал со својот пријател Игор Магдиќ, кој прави ракија, и така дошле до заедничката замисла - да ја пакуваат како сувенир.

Пакетчињата содржат разни видови ракија - од вишни, боровинки, сливи, од круши и специјалната „мајмунска" - од банани.

Засега пакетчињата можат да се купат во Загреб, Дубровник и Сплит, но производителот преговара и за пласман во Австрија и Германија, поточно во ски центрите, каде што џебната ракија е веќе тестирана. 

 
 
28.10.2016 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега