Драма на небото над Сирија: За влакно избегнат судар на американски и руски воен авион

Американски официјални лица соопшрија дека на небото над Сирија за малку ќе се случел судир на руски и американски воен авион, пишува Раша Тудеј.

Како што соопшти генералот Џеф Харигиан, инцидентот се случил на 17. октомври навечер околу полноќ. Авионите биле толку блиску во еден момент, што американскиот пилот почувствувал турбуленција предизвикана од летот на другиот авион.

- За малку ќе се судреа, изјавил Харигиан. Според неговите зборови, авионите била оддалечени околу половина километар во еден момент.

Американското летало се наоѓало во ист дел како и руското, а бидејќи било ноќ веројатно рускиот пилот не го видел другиот авион, објасни генералот.

Американскиот пилот се обидел да контактира со рускиот колега но не успеал. За среќа, авионите се разминале.

Генералот вели дека вакви ситуации често се случуваат.

 

 

 
 
28.10.2016 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега