За четири години во Бразил убиени повеќе луѓе отколку во војната во Сирија

Многу повеќе луѓе се убиени во Бразил во изминатите четири години отколку во истиот период во војната во Сирија.

Според податоци на невладината организација Бразилски форум за јавна безбедност, во 2015 година во Бразил се убиени 58.383 што значи дека во просек по околу 160 убиени на ден или по еден убиен на секои 9 минути.

Во периодот 2011-2015 година во Бразил биле убиени 278.839 луѓе.

Според податоци, во Сирија во тој период се убиени 256.124 луѓе.

Органзиацијата објави и податоци за полициска бруталност во Бразил Во просек околу 9 луѓе убиваат полицајците дневно. Во 2015 година, 3.345 луѓе биле убиени од полицијата. Минатата година биле убиени и 393 полицајци од кои 103 при извршување службена должност.

 
 
28.10.2016 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега