Топалко ги шокираше сите: Кога ќе видам фотографии од ќерка ми и удирам три шамари и завршена работа

Пејачот Милан Топаловиќ Топалко сакаше да покаже колку е строг родител, па ги запрепасти сите кога раскажа дека на ќерката Хелена, која привлекува големо внимание на медиумите, и удира неколку шамари секогаш кога ќе види дека се објавени нејзини фотографии.

Топалко детално објасни кој е газда кај него дома, и како што вели таму владее строга дисциплина.

„Кога беше мала тоа беше војнички живот, се можеше да добие под услов да го испочитува она што јас го барам, а тоа одговорност на прво место и хигиената. И денеска, кога е порасната, секогаш мисли тука се мама и тато, па таа не мора, но кога мама ќе оди на пат и ја останувам сам со нејзе дома, ако нешто не е средено, следуваат проблеми, не е битно каде и со кого е. За мене човек кој не е во состојба да собере она што го оставил пред да излезе не е способен да живее како што треба.“, вели Топалко.

На прашањето што прави кога ќе слики од Хелена во медиумите, Топалко даде шокантен одговор:

„И удирам три шамари кога ќе дојдам дома и завршена работа.“

 
 
28.10.2016 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега