Мурињо се закани дека ќе ја избрка целата одбрана!

Иако најдобриот играч му е надвор од стројот менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се закани дека ќе ја избрка целата одбрана во јануарскиот преоден рок, пишува “Дејли меил”.

Први на удар ќе бидат Крис Смолинг и Дејли Блинд, а потоа од екипата ќе си заминат и Маркос Рохо, Матео Дармијан и Лук Шо.

Португалскиот стручњак не е задоволен од играта на дефанзивците во овој дел од сезоната бидејќи Јунајтед досега прими 12 гола во Премиер лигата.

Наводно, веќе се знаат и фудбалерите кои Мурињо ќе се обиде да ги донесе во јануарскиот преоден рок. Прва цел му е членот на Рома, Антонио Ридигер чија вредност изнесува околу 35 милиони фунти. Остануваат и намерите да се донедат Шејмус Колмен од Евертон и Фабињо од Монако за кои клубот наскоро планира да испрати официјални понуди.

 
 
28.10.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега