Започна дебатата во Европскиот парламент: Буџетот на ЕУ 161,8 милијарди евра

Пратениците на Европскиот парламент ја започнаа дебатата за предложениот буџет на Европската Унија за 2017. година.

Тој, според подготвените документи, изнесува 161,8 милијарди евра.

Парите би требало да бидат потрошени за раст и развој на Унијата, но и на решавање на проблемите од бегалската криза која и сега ги тресе 28-те држави членки на овој блок.

Европската комисија предложи буџетот на институциите на Унијата да биде за 5,4 милијарди евра помал, на што пратениците се противат. Тие бараат парите да се прераспределат така што жителите на ЕУ би имале што повеќе видливи бенефити од активностите на Унијата.

Пратениците на Европскиот парламент посебно се залагаат за измени во начинот на субвенционирањето на земјоделството.

Рокот за усвојување на буџетот е 17. ноември оваа година. Европскиот парламент брои 751 пратеник.

 

 
 
28.10.2016 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега