Најдобриот шеф на светот: На вработените ќе им подели 1.260 автомобили, 400 куќи и скапоцен накит

Еден индиски бизнисмен во склоп на хинуистичкиот фестивла Дивали одлучил своите вработени а ги развесели со скапоцени подароци.

Обичај е вработените за време на фестивалот да добиваат ситни подароци, но Савџибаи Долакиа одлучил на своите вработени да им подари автомобили и куќи.

Во неговата компанија Харе Кришна Експортерс, која се занимава со извоз на дијаманти, работат 5.500 луѓе, од кои најдобрите 1.665 ќе ги добијат овие подароци.

Долакиа одлучил да потроши речиси седум милиони фунти, а најавил дека на своите вработени ќе им подели 1.260 автомобили, 400 куќи и скапоцен дијамантски накит како би им се заблагодарил за нивната работа.

- Наша цел е секој вработен да има сопствена куќа и автомобил во наредните 5 години. Затоа и одлучивме да ги подариме токму тие работи, раскажа сопственикот на една од најуспешните компании во Индија.

Ова не е прв пат Долакиа да ги наградува своите вработени со раскошни бонуси. Таа традиција ја започнал во 2012. година, а пред две години исто така поделил стотици авомобили и станови.

 

 
 
28.10.2016 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега