Инцидент во дискотеката во студентскиот Стив Наумов

Во 04 часот по полноќ во Градската Општа Болница  “Св.Наум Охридски“ во Скопје бил донесен 35-годишниот Ј.З.од Скопје, со тешки повреди.

Според податоците од полицијата, инцидент се случил околу 03 часот и 30 минути пред дискотеката во студентскиот дом “Стив Наумов“. Скопјанецот бил физички нападнат од страна на обезбедувањето на дискотеката.  Дежурен лекар констатирал тешки телесни повреди и истот ќе биде задржан за понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 
 
28.10.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега