Децата ме видоа целата во крв беспомошна на работ од смртта - Марија повторно раскажа за бруталното мачење од нејзиниот сопруг

- Мака ми е... Низ глава ми минува мачењето кое го преживеав. Седев овде, на оваа столица. Ме удираше по глава, крв ми шприцаше на сите страни... Еве позади на ѕидот останал прамен од коса и капки крв кои летале од главата додека крвнички ме мачеше, вака Марија Феризовиќ се присетуваше на кошмарот кој го преживеа од нејзиниот вонбрачен сопруг. 

Иако и било тешко, Марија се согласила за српски курир уште еднаш да го раскаже хоророт кој го доживеа.

- Сеќавањата повторно болат и ударите кои сум ги добила. Поголемиот дел од алатот со кој Ахмет ме мачеше го однесе полицијата, останаа само траги по ѕидовите. Овде на оваа столица, ме удриаше, потоа ги зема ножиците и ме шишаше. Потоа со бриџ ми ја избричи косата. Го молев да престане, плачев, но тој не сакаше ни да слушне, раскажува Марија со полни очи со солзи и додава: 

- На оваа рингла ја грееше шипката со која ме жигосуваше по целотот тело. Ме удираше со раце и нозе, но како тоа да не му беше доволно, ја зема шипката и со неа ме удираше каде ќе стигне. Во еден момент кога ме удри, паднав од столот. Ни тогаш не застана, ме шутираше и ме тераше да го јадам изметот од детето... раскажува несреќната Марија. 

Како што вели таа, децата биле во другата соба, но се слушале бидејќи во собата немало врата. 

- На децата им нареди да гледаат телевизија. Кога го слушнаа неговото викање и мојот врисок, застанаа на прагот... Плачеа, но тој ги бркаше. Кога сакаа по секоја цена да дојдат до мене, тој ги удираше по задникот. Мораа да го слушаа  беа овде на креветот, но се видоа и слушнаа. Бев брутално тепана, раскажува Марија 

 

 

 

 

 
 
28.10.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега