Тешка сообраќајка: Пијан возач на БМВ удрил во друго возило, загина едно лице

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила во близина на Шабац, Србија, кога возач на бмв под дејство на алкохол преминал во спротивната лента и удрил во автомобил фиат.

На лице место загинал четириесет и седум годишниот возач на фијатот, а двајцата патници се повредени и се префрлени во Општата болница во Шабац, соопшти српското МВР.

Возачот на бмв-то, триесет и пет годишниот Г.Д. е уапсен поради сомнение дека извршил кривично дело тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај и одредено му е задржување од 48 часа.

Увидот на местото на несреќата го извршил заменикот на основниот јавен обвинител во Шабац во присуство на полицијата.

 
 
28.10.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега