Милошоски: Ќе продолжиме да се бориме за отворање на нови работни места

 

ВМРО-ДПМНЕ преку своите високи функционери, започна со интензивни средби со граѓаните низ Македонија, со цел размена на идеи и предлози кои би биле дел од изборната програма за претстојните избори.

Денеска во Битола е Антонио Милошоски кој оствари средби и разговори со битолчани каде стана збор за проблемите и предизвиците кои ги засегаат граѓаните, како и за тековните и идните проекти на партијата.

-Во 2006 година во заводот за вработување во Битола имаше регистрирано 28.000 вработени лица, додека пак сегашната бројка во 2016 година изнесува 34.000 вработени. Бројот на вработени лица е пораснат а тоа е доказ дека и во иднина ќе продолжиме да се бориме за отворање на нови работни места, рече Милошоски.

Додаде дека се задоволни од последниот извештај на Дуинг Бизнис, каде Македонија е рангирана на 10-то место во светот за водење на бизнис. Треба да се натпреваруваме кој ќе направи повеќе за државата на економски план и додаде дека е добро овој извештај да го пофали и опозицијата.

-Се надеваме во оваа изборна кампања дека нема националните и државните интереси, двојазичноста, федерализација или други ризични работи да бидат употребувани како алатка за некој да дојде на власт, заклучи Милошоски.

 
 
27.10.2016 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега