ВМРО-НП: Договорен е пакетот со ВМРО-ДПМНЕ - блиску сме до договор за коалиција

 

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија, Ламбе Арнаудов, кој е еден од најблиските соработници на партискиот лидер и експремиер Љубчо Георгиевски, за Фокус вели дека партијата е поблиску до соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори отколку да влезе во други предизборни комбинаторики.

-Не можам да кажам што конкретно содржи пакет-понудата што ја договорив во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, но таа е сосема коректна, и тоа не за раководството на партијата, туку за целото членство. Воедно, оваа понуда е се уште актуелна и верувам дека ќе биде прифатена од партиските органи и нашата партија ќе оствари соработка со ДПМНЕ на следните избори – изјави тој во пресрет на седницата на Централниот комитет на партијата, што треба да се оддржи до крајот на неделава.

 

 

 
 
27.10.2016 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега